Шокиран сопственик на куќа пронашол питон во клозетска шоља во домот во Австралија, кој излегол од одводот во шест часот утрото.
Семејството брзо го повикала Стјуарт Лалор од Службата за фаќање змии во Брисбејн, кој дошол по непосакуваниот гостин.
„И претходно сум работел работи каде рацете ми биле во клозетска шоља“, рече на шега Лалор.
Лалор успеал да го дофати питонот и да го одведе надвор.
Тој истакна дека најлошо би било ако пуштиле вода зошто така би ја турнале змијата подлабоко во цевката.
Ова не е првпат вакво нешто да се случи. И во јули еден жител на Брисбејн пронашол питон под килимот во бањата, за кој мислат дека веројатно паднал од тушот.
„Сегде во светот стаорците одат низ цевки и змиите ги бркаат“, наведе Лалор.
Во март минатата година, еден тинејџер седнал да се олесни и почувствувал како питон му се замотал околу нозете.
Инвазијата од змии не е невообичаена во Австралија.
Извор: Sitel.mk