6 C
Skopje
среда, октомври 4, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Трајковски со еврогол, Палермо едвај спаси бод против Кремонезе (видео)

    Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски постигна прекрасен гол за Палермо во мечот од Серија Б против Кремонезе, но неговиот тим мораше со гол во 89. минута да спасува 2:2 реми во второто коло во италијанската втора лига.

    Трајковски стрелаше од дваесетина метри во 25. минута, со удар кој не се бранеше за да донесе водство за тимот од Сицилија, меѓутоа во второто полувреме, гостите прво израмнија преку Стрефеца во 64. минута, за потоа да дојдат во водство во 82. минута преку Романецот  Василе Могош. Бод за Палермо донесе дефанзивецот Антонио Мацота во 89. минута.

    Илија Несторовски, кој уште се опоравува од повредата, влезе во игра во 72. минута, но не успеа да постигне гол.

    Текстот Трајковски со еврогол, Палермо едвај спаси бод против Кремонезе (видео) е превземен од МАКФАКС.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.