Американскиот претседател Доналд Трамп ја објави новата американска стратегија за ракетна одбрана во која се истакнува дека Северна Кореја и понатаму е ,,вонредна закана”, седум месеци откако заканата од Пјонгјанг ја прогласи за елиминирана.
Прегледот на ракетната одбрана се однесува на сите преземени мерки за заштита на САД од непријателските проектили. Се нагласува загриженоста околу напредувањето на Северна Кореја, Русија, Иран и Кина.
,,Нашата цел е едноставна да се обезбеди откривање и уништување на сите проектили лансирани против САД, каде било и кога било”, изјави Трамп објавувајќи го извештајот.
Трамп во Пентагон не ја спомена заканата од Сверна Кореја, но вршителот на должноста секретар на американската одбрана, Патрик Шанахан рече дека заканите од Северна Кореја и понатаму се ,,голема грижа”.