На социјалните мрежи во САД почна да кружи видео од нападот во Мичиген, на кое се гледа како Афроамериканец извршува физички напад на белец, а видеото со објава го сподели и претседателот Доналд Трамп на неговиот Твитер.
За разлика од снимките од полициското убиство на црнецот Џорџ Флојд, во Минеаполис, Минесота, чие убиство од страна на полицијата предизвика масовни протести и немири низ САД, жртвата во ова видео преживеа.
Меѓутоа, во овој инцидент, црнецот е напаѓачот, а белецот е жртва – поточно, продавач во стоковната куќа на добро познатиот малопродажен ланец Мејси.
Нападот се случи минатиот месец на 15 мај, од кога видеото излезе и почна да се шири на социјалните мрежи, а денес го сподели на Твитер американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој со „Твит“ одговори на мислењето на Мет Волш, колумнист за амерканскиот десничарски портал Дејли Ваир, кој го основаше политичкиот коментатор Бен Шапиро.
„Погледнете што се случува овде. Каде се демонстрантите? Дали е уапсен овој човек“, коментира Трамп.
Looks what’s going on here. Where are the protesters? Was this man arrested? https://t.co/2E1UbU5vNN
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 23, 2020