Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека нема да организира прием во Белата куќа за овогодишните шампиони на НБА лигата, без оглед кој ќе победи во финалниот дуел на Голден Стејт и Кливленд.
Најдобриот играч на Кливленд, Леброн Џејмс и Стефен Кари од Голден Стејт изјавија дека нивните екипи не ги интересира посетата на Белата куќа.
„Не го повикав Леброн Џејмс, ниту пак Стефен Кари. Нема да повикаме ниту една екипа“, изјави Трамп.
Во финалната серија на НБА лигата, актуелниот шампион Голден Стејт води против Кливленд со 3:0 и потребна му е уште една победа за да ја одбрани титулата.