Претседателот на САД, Доналд Трамп кој побара од Конгресот 5,7 милијарди долари за изградбата на ѕидот на границата со Мексико, смета дека ѕидот ќе спречи внесување на хероин во земјата. Сепак, како што пренесуваат светските агенции, статистиката укажува на нешто друго.
Според податоците на американската Агенција за сузбивање на наркотици (ДЕА), лани најмногу хероин бил запленет на копнениот премин во Калифорнија и Аризона.
Како што наведува агенција, наркотиците во најголем дел во САД влегуваат скриени во приколки, каде дрогата се складира помеѓу легално увезени предмети.