Двајцата поранешни пријатели, Марина Наваро и Џон Флато, сега се најголеми непријатели и тоа заради голема џекпот добивка за која двајцата сметаат дека ја освоиле во комплексот „Хард Рок – хотел и казино“ во Флорида.
Редовниот посетител на игрите на среќа, 66-годишниот Флато вели дека останал без 100 000 долари само затоа што и дозволил на Марина да го притисне копчето на слот машината „за среќа“. По нејзиниот удар паднала џекпот добивката, а иако Џон бил тој кој вложил во машината, технички добитник е Наваро.
– Таа технички ја одиграла играта, па исплатата оди кај неа, изјавиле од управата на казното.
Флато не можел да ги убеди дека тој платил за играта и вложил во машината, а Марина ја послужил само за да му донесе среќа. Двајцата повеќе не разговараат, а Марина не му исплатила ниту дел од добивката.