6 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Торонто израмни против Кливленд (видео)

Торонто ја израмни финалната серија во Источната конференција на 2-2, откако во четвртиот натпревар славеше над Кливленд со 105:99. Торонто до победата го предводеше тандемот Лаури-Дерозан комбинирајќи 67 поени.

toronto_pobeda

Кошаркарите на Торонто, слично како и на претходниот натпревар, одиграа брилијантно прво полувреме, по кое стекнаа предност од 20 поени, но кавалирси во вториот дел се вратија во мечот, стигнаа на поен негатива но немаа сили за комплетен пресврт.

Во моментите кога Кливленд ја стаса предноста на противникот, тандемот Лаури-Дерозан од последните 20 кошеви на Торонт постигна 17.

Лаури мечот го заврши со 35, а Дерозан со 32 поени, а уште само Керол со 11 кошеви имаше двоцифрен поентерски учинок кај Торонто.

Леброн Џејмс со 29 поени, девет скокови и шест асистенции беше најефикасен во редовите на Кливленд.

Финалната серија на Истокот се враќа во Кливленд, петтиот меч на програмата е во ноќта меѓу среда и четврток.

https://www.youtube.com/watch?v=_L9WuoFxy-8

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.