6 C
Skopje
понеделник, април 15, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    „Ти ќе ја предадеш нашата Македонија“ – постери со пратениците се појавија во Грција

    Постери со кои се повикуваат грчките пратеници да гласаат против преспанскиот договор во парламентот осамнаа во повеќе градови во Грција, пишуваат грчките медиуми.

    Постерите се со фотографии од пратениците од редовите на СИРИЗА и Независни Грци, а до нив стои „Ти ќе ја предадеш нашата Македонија“.

    „Грик рипортер“ пишува дека не е познато кој стои зад кампањата.

    Договорот за името се очекува кон крајот на месецот да стигне на ратификација во грчкиот парламент. Од оваа перспектива, како што пишува „Грик рипортер“, се верува дека владата обезбедила 151 глас, потребни за договорот да добие зелено светло, и покрај тоа што партијата Независни Грци (АНЕЛ), која му беше коалициски партнер на Ципрас, се повлече од владата во неделата.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.