6 C
Skopje
сабота, мај 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Тијана откри како Германците мијат садови – ќе се згрозите ако некогаш сте јаделе од нивни чиниии

    Тијана ја имала аа среќа 10 дена да биде „заробена“ во брод со Германци и ја открила нивната метода на миење садови, а се обложуваме дека нешто поодвратно немате видено.

    Твитерџиката Тијана посветила низа твитови на германскиот метод на миење садови, и тоа со полно право затоа што навистина не постои нешто позгрозувачко од тоа со што таа се соочила, а еве како дошла до своето откритие:

    „Дојде време за серија твитови за тоа како Германците мијат садови. Хинт: Одвратно е. Првпат се соочив со тоа минатата година на резиденција во Франкфурт каде Германец од групата се понуди да ги измие садовите во нашиот стан. Не гледав што прави, но откако заврши затекнав куп насапунети садови како се сушат. Помислив: Ок, можеби никогаш претходно не миел садови, сега јас ќе ги измијам. И ги измив повторно. А, потоа ова лето живеев 10 дена на брод со шест Германци.

    Имени, Германците го затнуваат мијалникот, истурат вода и ставаат во неа малку детергент да направи пена. Потоа во таа пена ги ставаат сите валкани садови, ги поминуваат со сунѓер и потоа така само ги оставаат да се цедат, без да ги исплакнат со чиста вода.

    Миењето садови ми е најомразена обврска, но кога видовми се слоши, па секој ден после јадење трчав во кујна за некој случајно не почне да ги мие пред мене садовите. И потоа еден ден капетанот ме виде како ги мијам и ме праша: А, не знаеш да го затнеш мијалникот?

    Си помислив, пријателу знам да го затнам, туку вие сте луди! Не ми е јасно како уште сите колективно не се отруле. Главно, подраго ми е да мислат дека не знам да го затнам мијалникот, отколку да им објаснувам, а не пак да јадам од садовите кои тие ги миеле“, напишала Тијана.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.