Тешка сообраќајна несреќа се случи пред половина час на регионалниот пат Крупиште – Пробиштип, јавува регионалната ТВ Стар.
Во несреќата учествувале две возила од кои пожарникарите едвај успеале да ги ослободат повредените.
Некој од нив поради тешките повреди се пренесени во Клиничката Болница – Штип. Поради утврдување на причините за несреќата сообраќајот е во прекин.
Подетални информации од Полицијата и од Клиничката Болница – Штип очекуваме во наредните часови.