6 C
Skopje
сабота, јули 13, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Теодосиќ ќе игра во ЛА Клиперс

    Најдобриот европски плејмејкер, Милош Теодосиќ, кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата, во екипата на ЛА Клиперс.

    Информацијата дека Теодосиќ се сели во Клиперси ја објави највлијателниот американски новинар кога е во прашање НБА лигата, Адриан Војнаровски и кој никогаш не греши кога ги најавува трансферите во најсилната кошаркарска лига во светот.

    Според новинарот, 30-годишниот Теодосиќ со Клиперси ќе потпише двегодишен договор според кој ќе заработи 25 милиони долари.

    Теодосиќ изминатите шест години настапуваше во ЦСКА Москва, а претходно четири години играше во Олимпијакос.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.