Еден демонстрант загина, а најмалку 10 лица се повредени, откако денеска влегле во камп на турската армија во близина на Дохук, полуавтономен курдски регион во Ирак, и запалиле два тенка и други возила, изјавија курдските претставници и жители од оваа област.
Главниот здравствен чиновник во областa, Наџиб Саид, рекол дека турските војници пукале на демонстрантите, но одекнале и повеќе експлозии од запалените воени возила и опрема, па поради тоа не е познато што точно ја предизвикало смртта кај демонстрантите, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Турција објави дека нападот бил изведен од страна на членови на Курдистанската работничка партија (ПКК), кои се вмешале меѓу цивилите, со цел да се разгори конфликтот меѓу турските сили и локалните жители.
„Ние сме посветени на одржување на блиска соработка со луѓето од Дохук и правиме се што можеме за да спречат цивилни жртви во оваа област“, изјави портпарпл на турското претставништво.
Турција врши редовни воздушни напади во близина на границата, насочени против бунтовничката група ПКК, која има бази во северен Ирак и води повеќедецениски бунт во Турција, потсетува британската агенција.