Љубомир Ристовски повеке години е тежок инвалид од Штип кој освен од здравствени проблеми страда и од криминалци. Тврди дека досега е ограбен најмалку десет пати и дека поради овие кражби не може да сврти денар. Грубо пресметал дека крадците досега му однеле окоу 2 500 евра.
„Ме следи, ми ја краде ташната од количката, ми влегува дома, крши, краде. Досега ми има украдено 1.000 евра во евра и исто толкава сума во пари“, вели Љубомир Ристовски .
Сето ова искуство со дрските крадци Ристовски го собрал за кратко време а последните впечатоци му се од нокеска. Вели дека крадецот овој пат успеал да го избрка откако силно го удрил со патерицата која редовно ја чувал до себе.
„Ми влезе дома, почна да претура под креветот, ја зеде перницата јас тогаш силно го удрржив по глават со штаката“, кажа Љубомир.
Досега Љубомир сите кражби ги пријавувал на полицијата и таа редовно вршела увид но крадците, за кои тој тврди дека е единствен и ист , не биле пронајдени. Љубомир и пред нас и пред полицијата тврди дека го познава, детално го опишува, но полицијата никако да го пронајде, запрепастен е штипјанецот.
„Го знам, сум зборел со него, а еден полицаец ми вели дека го барат пет месеци не можат д аго најдат“, раскажува Љубомир.
Комплетно разочаран и дополнително уплашен за својата безбеднст, Ристовси размислува и на екстремни безбедносни варијанти на самозаштита. Ќе стигне ли полицијата навреме да го идентификува крадецот кој тој упорно го посочува е неизвесно но случајот со Ристовски упатува и на друго.
На хендикипираните лица освен помош, итно им е потребна и дополнителна заштита.