Во 2018 година се чуствува ефектот на раст на минималната плата, но исто така влијание има и растот на продуктивноста, вели за МИА министерот за финансии Драган Тевдовски.
-Во декември 2018 година просечната плата се приближува до 26 илјади денари или тоа е скоро две илјади денари повеќе во однос на декември 2017 година. Ова несомнено најголем раст на просечната плата последниве девет години. Втор најголем раст имаме во 2017 година. Ако во 2017 ефект имаше подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, вели Тевдовски.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 8,1 отсто.