Со видеото кое го објавува ТВ21, тврдат дека Артан Груби му дал наредба на собранискиот спикер Талат Џафери да ја прекине седницата за имунитетот на Вељановски. На видеото на ТВ21, се гледа како Груби дава знак со рака.
Инаку, Груби вчера на прес-конференција демантираше дека му дал знак на Џафери да прекине седница.
Груби рече дека знакот кој му го дал бил да го прекине говорот на Мицевски и да почне процедура за гласање за имунитетот на Вељановски.