6 C
Skopje
понеделник, септември 25, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Таткото на Саздо се обрати до медиумите: Ја искоментира пресудата и упати барање до родителите

    Таткото на Никола Саздовски, Тони Саздовски истакна дека е задоволен од пресудата и барем колку толку правдата на крај е задоволена, иако сето тоа нема да му го врати назад синот.

    -Ниту една мајка не треба да го закопа својот син, но казната е колку што е предвидено во законот. Не можам да кажам дека сум незадоволен. Се надевам дека друг повисок суд нема да ја промени казната,- истакна Тони Саздовски.

    -На родителите ќе им порачам да кажат каде е третиот осомничен кој е во бегство. Да не останат нивните деца сами во затворот. Парите кои ќе ги добие фамилијата како оштета, ќе бидат донирани во хуманитарни акции, како и во турнир кој го организираат другарите на Никола, а сите се надеваат дека истиот ќе биде традиционален.

    Убијците на Саздо добија по 19 години затвор

    Судот ги прогласи за виновни убијците на 20-годишниот Никола Саздовски, Бесир Беља и Скендер Демири и им изрече казна затвор од по 19 години.

    Во казната ќе биде засметано и времето поминато во притвор. Исто така судот ги задолжи и сами да ги подмират судските трошоци, како и да исплатат штета за нанесување на душевна болка на родителите на Саздовски.

    Судот како олеснителни околности ги зема во предвид тоа што и двајцата се неосудувани, на оваа пресуда двајцата виновни за убиството на Саздовски имаат право на жалба во рок од 15 дена.

    Третиот обвинет за убиството на Саздовски е недостапен за органите на прогон.

    Дваесетгодишниот Никола Саздовски, беше крвнички претепан во Автокоманда на 29 јуни минатата година. Од здобиените повреди, тој почина на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

    Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое пред преквалификацијата се водеше како „насилство“.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.