Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари е во Државна болница. Тој напиша на Фејсбук:
Денeшниот ден се претвори во ужасен ден за целата наша земја. Жално е да објавам дека се случила сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Јас се наоѓам во Државната болница во Скопје каде моментално има 4 хоспитализирани лица во Ургентниот центар. Нивната состојба се третира професионално од страна на медицинскиот тим и јас сум убеден во нивната максимална посветеност за спасување на животите на овие луѓе.
Во меѓувреме во болницата “8 Семтември” се хоспитализирани 20 други лицa. Нема ниедна жртва, но морам да ве информирам дека некои од нив се во критична состојба. За жал, во оваа несреќа се вклучени поединци од различни возрасти, и сите се од Гостивар.
Ова се тешки мигови за сите нас, молиме Бога да ни помогне!