Разговори на високо ниво, што би требало да ги усогласат детаљите за вториот самит на Доналд Трамп и Ким Џонг Ун, ќе се одржат денеска во Вашингтон, информираат високи претставници.
Како што наведуваат двајца високи американски претставници, се очекува американскиот државен секретар Мајк Помпео да се сретне со севернокорејскиот шеф на разузнавачката служба Ким Џонг Чол во еден хотел во Вашингтон, а како што претпоставуваат, потоа Ким Џонг Чол ќе може да ја посети Белата куќа и да се сретне со Трамо, пренесе АП.
И покрај тоа што ниту американската ниту севернокорејската страна не ја потврдиле информацијата за средбата, медиумите вчера пренесоа дека Ким Џонг Чол се качил на авион во Пекинг за Вашингтон.
Претставник на Белата куќа рекол дека се случиле бројни позитивни работи во врска со денуклеаризацијата во Северна Кореја, како и дека Трамп и севернокорејскиот лидер воспоставиле добри односи.
Првата средба меѓу Трамп и Ким се одржа минатата година во Сингапур и тогаш е договорена денуклеаризација на Корејскиот полуостров.