На социјалните мрежи осамна фотографија од е-маил комуникација меѓу професорка и студент. Во истата, по повод празникот Порчка, студентот бара од професорката да му прости за тоа што препишувал и да му дозволи да полага во јунска сесија.
-Почитувана професорке, Убавината на денешниот празник Прочка ме натера да Ви пишам. Простете ми што препишував на испитот во јануари, навистина не сакав. Се надевам дека ќе ми простите и ќе ми дозволите да полагам повторно во јуни. Секое добро“, напишал студентот.
Но, не се одело според планот. Професорката рекла дека е атеист и му потенцирала дека ќе треба да полага по три испитни сесии, под казна.
„Почитуван колега, Јас сум атеист, па не славам вакви празници. Многу ми е жал што ве фатив како препишувате. Меѓутоа, како што ви кажав и во јануари: три испитни сесии немате право да полагате. Од мене толку, од Господ повеќе. Секое добро“, пишува професорката.