6 C
Skopje
петок, март 1, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Стразбур ја донесе првата пресуда во корист на девојка од Македонија која го смени полот

    Европскиот Суд за човекови права во Стразбур денеска за прв пат се произнесе за случај на македонско трансродово лице и пресуди во негова корист. Судот утврдил дека во случајот ,,Х против македонија”, постоечката законска рамка во земјава има јазови и сериозни недостатоци кои го довеле транс лицето во ситуација на стрес и несигурност во признавањето на неговиот родов идентитет.Државата ќе треба да му исплати и 9 илјади евра нематеријална штета за претрпен стрес. Ваквата вест ја објави коалицијата Маргини на Фејсбук.

    ,,Коалиција Маргини денес во Судот во Стразбур доби позитивна пресуда во случајот ‘X против Македонија’ во кој Судот утврди дека постоечката законска рамка има јазови и сериозни недостатоци кои го довеле транс лицето во ситуација на стрес и несигурност во признавањето на неговиот родов идентитет.

    По оваа одлука, Македонија има обврска да донесе закон кој ќе им овозможи на трансродовите луѓе брза, транспарентна и пристапна постапка за правно признавање на родот.Судот на транс лицето му додели 9 000 евра нематеријална штета за претрпен стрес во изминатиот период”, соопшти коалицијата.

    Тужителот ,,Х“, чиј идентитет е таен, е роден во 1987 година во Македонија како девојче. Но, од најрано детство таа се доживувала како машко. Во 2010 година ја започнува постапка за менување на полот. Во меѓувреме започнала и со хормонска терапија во Белград за да ја зголеми стапката на тестостерон во организмот. По враќањето во земјава, МВР прифатила да и биде сменето името во личните документи, но ознаката за пол останала ,,женски“, затоа што процедурата за менување на оваа ознака се прави според друг закон. Поради соочувањето со бројни препреки при обидот од женско да го смени полот во машко со поддршка на Коалицијата Маргини, трансродовото лице ,,Х” се одлучува да покрене тужба во Стразбур.

    Даниела Трпчевска Зафировска

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.