Еден од најдобрите скијачи од Франција, 35-годишниот Давид Поисон трагично го загуби живото по пад на тренинг во пресрет на спустот во канадски Накис.

Оваа информација ја објавија од Фрнцускиот скијачки сојуз кои испратија сочуство до фамилијата и најблиските на трагично загинатиот.

Поисон најголемиот успех го забележа со освојувањето на среброто во спуст на СП во 2013 година во Шладминг, а беше бронзен и на СП во Санта Катерина во 2005 година.

Во минатата сезона беше победник на престижниот спуст во Китзбил што му беше прва и последна победа во Светскиот куп, а имаше уште 11 победнички пиедестали.

Извор: Sportclub.mk