Барселона има одлични резултати во оваа сезона и по 11 кола во Примера е на првата позиција со 31 бод. Голем удел во овие успеси на каталонците се поради Лионел Меси кој во досегашниот дел има учинок од 12 голови и 3 асистенции, па тоа беше добар повод за шпанска „Марка“ да повлече една паралела на неговиот учинок со оној на останатите главни ривали во Примера.
Колку Аргентинецот е на ниво, а конкурентите се под она што се очекува говори и ова, седум играчи се потребни за да се израмни неговиот учинок од 12 погодоци.
Ако се стават на една вага напаѓачката тројка на Реал Мадрид, Герет Бејл, Кристијано Роналдо и Карим Бензема, плус двојката на Атлетико Мадрид, Кевин Гамеиро/Антоан Гризман, плус Бен Једер од Севилја, плус Луис Суарез од Барселона тогаш добиваме еднаков број на погодоци како Лео.
Ова е доказ за величината на Меси, ама и за падот на формата на неговите колеги, па на пример Роналдо во оваа фаза лани имаше пет голови, Бензема три, Гризман шест, а Суарез дури осум.
Извор: Derbi.mk