6 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Стартува новата НБА сезона

Натпреварот Кливленд-Њујорк, кој ќе започне во ноќта помеѓу вторник и среда (01:30 часот), ќе го означи почетокот на 71-та сезона во најсилното кошаркарско натпреварување во светот, НБА лигата.

nba_razigruvanje

Актуелниот шампион Кливленд, со Леброн Џејмс, ќе ја отвори новата НБА сезона, против екипата на Њујорк, а во текот на ноќта ќе се одиграат уште два натпревари Портланд-Јута и Голден Стејт-Сан Антонио.

Според сите оние кои на било каков начин се инволвирани во случувањата во НБА лигата (тренери, коментатори, новинари, обични навивачи) и оваа сезона, исто како и во претходните две за титулата ќе се борат Кливленд и Голден Стејт.

Доколку тоа се случи, тогаш прв пат во историјата на лигата ќе се случи две исти екипи да играат во три последовни финални натпревари.

Ако се оди според „планот“, прашање е само против кого тие ќе играат во конференциските финалиња, кои се увертира за големото финале и борбата за титулата.

Голден Стеј засилен со Кевин Дурент е најголемиот фаворит за прстенот, а на западот конкуренција можат да му бидат Сан Антонио, ЛА Клиперс, можеби и Хјустон.

Слично е и на истокот, апсолутен фаворит е Кливленд, а во завршницата можат да влезат Торонто, Бостон или Индијана.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.