Мојот брат беше во врска со една премногу добра и премногу фина девојка повеќе од 5 години. Пред тоа повеќе од 8 години беа најдобри другари, буквално не се разделуваа.




Таа во нашиот дом беше како трето дете. А потоа еден ден настана вистински хаос, ја изневери, се колнеше дека никогаш не го направил тоа, но никој не му веруваше и повеќе прекинаа секаков контакт.




Мојто брат на никој ништо не му објаснуваше, тоа беше забранета тема во домот и друштвото. Тој се промени, имаше неколку девојки после неа, но ниту една не беше како неа.




Вчера, 4 години после нивното раскинување влегувам во неговата соба да земам нешто, а тој седи на креветот, гледа во една точка, а во собата буквално се беше искршено.




Компјутерот беше на подот, столот беше скршен, а вратата од ормарот целосно извадена, буквално целата соба беше демолирана.




Занемев во секундата, бев шокирана, не знаев што му е, тој не реагираше, гледаше само во една точка.




Го замолив да ми објасни што се случува, а тој со тивок глас, од кој се уплашив ми рече:




“Таа се сврши пред неколку дена, а јас не ја изневерив. Најмногу ме боли што никој не ми веруваше.”




Плачам како никогаш досега, бидејќи ниту јас не му верував, а неговиот живот сега е целосно уништен.