Фотографија од пијан поп на погреб во селото Друговац, Смедерево, стана хит на социјалните мрежи. Свештеникот Ненад се опијанил на погребот, по што зашеметен од силното сонце, не можел да оди. Мештаните не можеле да направат ништо друго, освен да го стават попот на приколката зад тракторот каде што бил сандакот во кој лежел починатиот, каде што тој заспал.
Ова не е црна комедија, туку вистинска случка од погребот, каде што попот толку се опил што заспал покрај покојникот. Според медиумите, попот толку бил под дејство на алкохол што почнал да прави проблеми уште пред да почне погребната церемонија.
Момчето што ја направило фотографијата, која стана вистински хит на „Фејсбук“, во изјава на хрватската интернет-страница „Индекс“, вели дека попот што бил на служба кај нив последниве пет години често имал проблеми со алкохолот.
„Но, овој пат навистина го претера. Го изгуби и кандилото, едвај го разбудивме. На крајот успеавме некако да го погребеме човекот“, вели Дарко. Мештаните велат дека ова не е првпат попот да се опие и да заспие покрај ковчег со мртовец.