Италијанската полиција го уапсила 48-годишниот Иван Божовиќ од Србија, наместо Хрватот со исто име, презиме и дата на раѓање, по кого била распишана потерница поради трговија со наркотици, објави РТС.
Србинот, бил осуден на шест ипол години затвор, од кои 17 месеци поминал зад решетки, пред да биде утврдено дека се работи за погрешен човек, пренесе хрватскиот портал „Хем“.
Против него била покрената и судска постапка во која е прогласен за виновен поради учество во криумчарење на дрога и казнет со шестипол години затвор. Дури по 17 месеци од апсењето, било утврдено дека не се работи за Божовиќ кој е дел од криминалниот синџир, туку за човек со исто име и презиме, како и со иста дата на раѓање.
Како што се наведува, до грешка во идентификацијата дошло бидејќи во пасошот му бил наведен различен идентификациски број. И покрај тоа што за незаконското апсење, Божовиќ барал отштета од 300.000 евра, судот во Милано досудил 130.000 евра.