“Спонтаното танцување” се уште е нелегално во Шведска, една година откако владата вети дека ќе престане да ги гони луѓето поради бизарниот закон.

Во април 2016 година, националниот законодавен дом на Шведска, Риксдаг, гласаше да се отфрли правилото што ги принудува баровите и пабовите да имаат лиценца за да гостите можат да танцуваат во нив, закон кој датира од 70-тите години.

Но, 17 месеци подоцна, полицијата сé уште ги напаѓа сопствениците на баровите за криминалот на танцувачите при што казните се груби – почнувајќи од одземање на другите дозволи, до строги парични казни или дури и затвор.

Танц-дозволите беа воведени како начин шведската полиција да ги спречи јавните нарушувања што доведуваа до немири.