Кошарката во Чаир полека станува опасна по живот, откако денеска се случи трет тежок инцидент сезонава на средбите на екипи од оваа скопска населба вклучувајќи го тимовите на НБА 2030 и на Тетекс.
Во една од решавачките средби од последното коло за врвот од табелата во Втората лига Запад, чаирчани го совладаа гостинот од Тетово со 81-74, во меч кој бил сѐ само не спортски спектакл. Според пишувањата на тетовци на социјалните мрежи, тие никако не можеле да победат во Чаир, каде што едвај сочувале жива глава односно не биле линчувани.
„Нашата екипа беше донесена со полиција во Чаир, каде што беа присустни 50 полицајци заедно со специјалци, со чија помош бевме и извадени од сала во полициски возила за да не бидеме линчувани. Навивачите нѐ пцуеја на секаква основа, бевме плукани, кон нас се фрлаа лименки, за противничките играчи на теренот удираа со сѐ живо и диво по нас. Катастрофа! Брука е во Чаир воопшто да се игра кошарка, а прашање е дали Чаир е во Македонија. Ние се почуствувавме како да не сме во Македонија. Жално. Црн ден за кошарката во Македонија“, се вели во објавата на Тетекс на социјалните мрежи.
Претходно, на почетокот од ноември минатата година, родител на кошаркар на НБА 2030 нокаутира судија по одигрување на мечот на овој тим со Вардар, а дваесетина дена подоцна, на средба на Лирија 77, тим кој исто гравитира во Чаир, физички од публиката беше нападнат и претепан кошаркар на ФМП.
ВИДЕОТО погледнете го ОВДЕ.
Извор: Спорт1.мк





