6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Спарси го декласираа Кливелнд, Нов трипл-дабл на Вестбрук

    Актуелниот шампион во НБА лигата Кливелнд доживеа дебакл во Сан Антонио и ја загуби првата позиција во Источната конференција. На другиот крај од Тексас, во Далас, Расел Вестбрук со 37-от трипл дабл, речиси сам го победи домаќинот.

    Сан Антонио го декласира Кливленд 103:74. Актуелните шампиони имаат скор 47 победи и 26 порази и првата позција на Истокот му ја препуштија на Бостон.

    Спарси доминираа од првата минута, на полувреме имаа предност од 24 поени, а во второто полувреме без поголем напор ја сочуваа предноста. Кливленд во Тексас постигна најмал број на поени оваа сезона и уште еднаш потврди дека во пресрет на плејофот целиот тим се наоѓа во лоша форма.

    Сан Антонио до победата го предводеше Каваи Ленард со 25 поени, по 6 скока и асистенции и 3 украдени топки, додека центрите Ламаркус Олдриџ и Пау Гасол постигнаа по 14 поени.

    Спарси имаат скор од 56 победи и 16 порази и се втрори на Западот и воопшто во лигата.

    Кај Кливленд потфрли целиот тим, а амо двајца постигнаа двоцифрен број на поени: Леброн Џејмс 17 и Тристан Томпсон 11.

    Расел Вестбрук го запиша 37-от сезонски трипл-дабл, откако во последните три и пол мунути, во Далас, сам ја надомести негативата на Оклахома од 13 поени. На Вестбрук му се потребни уште четири трипл дабл учиноци за да се израмни на вечната листа со Оскар Робертсон.

    Далас на три и пол минути до крајот имаше предност 91:78, а потоа на сцена стапи рас кој постигна 12 од последните 14 поени на својот тим за триумф 91:92.

    Рас мечот го заврши со 37 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

    На останатите натпревари кои се одиграа изминатата ноќ: Њујорк го победи Детроит 109:95, Торонто го декласира Орландо 131:112, Сакраменто изненади со победата над Мемфис 91:90, а Јута славеше против Њу Орлеанс 108:100.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.