Оваа работа е вистински доказ дека за добро платена работата и не ви е потребна факултетска диплома.
Мајсторите за клима уреди, заработуваат и преку 1000 евра месечно, но како што велат, треба доста работа за да се стане добар мајстор.
Учењето е потребно да се започне во средна школа, и потоа да се доработи барем уште неколку години.
Работата и трудот секако ќе ви се исплатат, затоа што добрите мајстори заработуваат повеќе од многу адвокати и економисти.
„Заработката е добра, но работата како клима мајстор воопшто не е лесна. Опасно е кога ќе монтирате надворешна единица, но на нас тоа сега веќе ни стана рутина. Но, кога ќе дојдат млади работници, тоа знае да биде многу незгодно“, велат од еден белградски сервис.
Како што велат, можно е да се заработат и преку 1000 евра, но се зависи од фирмата која ве плаќа. Некој работи на процент, а некој има редовни месечни примања.
Родителите денеска грешат затоа што е подобро децата кои и не се баш заинтересирани за учење, да се запишат на некој занает и да го однесат кај некој мајстор за да учи, па секогаш ќе имаат да живеат и повеќе од пристојно.