6 C
Skopje
сабота, март 25, 2023

Видео: Ставете го ова во чевлите на леденото време – веќе нема да пропуштат вода

Надвор температурите се длабоко под нулата, а се најавува уште поледен бран. Токму поради тоа, овој трик супер ќе ви користи. Ако немате водоотпорни чизми...
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Млада жена со диагностицирана мозочна смрт се разбуди по 7 месеци во кома

    31-годишна Американка со диагностицирана мозочна смрт излезе од кома по седум месеци. Кертис Брабсон долго време страдаше од епилептични напади. По последниот, девојката почнува да...

    Една млада мајка се соочила со најтешкиот избор во животот и избрала да го остави своето дете да умре – дали постапив правилно, се...

    Британска мајка ја донесе најтешката одлука во својот живот и направи нешто што е незамисливо за речиси секоја мајка - помогнала да умре своето...

    Секоја жена над 40 ќе биде благодарна: 2 лажици кафе на кремот и заборавате на брчките

    Намалете ги брчките дома со маска од 2 состојки. Заборавете на скапите креми. Клучот за убава кожа која изгледа млада и цврста и по 40-тата...

    Семејно куче го жртвувало својот живот за да спаси бебе од запален дом

    Многу често слушаме за приказни во кои кучињата ги жртвуваат своите животи во име на животите на своите најблиски. Поло е само еден од...

    Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

    Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања поради загадениот воздух. Кај оние кои страдаат од астма, здравствената состојба им се влошува кога воздухот е загаден, а голем дел од децата се примени на клиниката поради бронхо-опструкции.

    Иако Градот Скопје и Владата излегоа со препораки и мерки против алармантното загадување на воздухот, активистите за заштита на животната средина не се задоволни од начинот на кој државните институции се справуваат со овој проблем.

    Македонскиот Устав предвидува дека „секој човек има право на здрава животна средина, а Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“, но нема никаква одговорност за кршењето на Уставот – досега не е утврдено ниту на што се должи енормното загадување на воздухот во земјава, а нема ниту конкретни мерки за намалување на аерозагадувањето. Она што може да се види на дело е борба со последиците, а не и со причините.

    Има пожар, а Градот ангажира доброволци да плукаат за да го изгаснат

    Драгана Велковска, активистка за заштита на животната средина и советник во Градот Скопје од „Левица“ вели дека денешните прогласени мерки на Градот се доказ дека сме општество на парадоски.

    „Кога гледам дека главна мерка која ќе ја спроведе Градот е „бесплатен јавен превоз“, тоа за мене е еден од главните докази дека сме општество на парадокси, кое којзнае дали ќе доживее да види челници кои се правични, кои имаат и знаење и волја за напорна работа. Според студијата на МАНУ и студијата на УГД и Фармахем презентирани во организација на Град Скопје, загадувањето со РМ10 честици најмалку се должи на сообраќајот, што значи уделот на сообраќајот во загадувањето со РМ10 е толку минорен што и целиот сообраќај да застане нема да има значителен ефект врз концентрацијата на РМ10 честиците. Паралела на ова би било: избувнува пожар и Градот ангажира доброволци да плукаат за да го изгасат“, вели Велковска.

    Според неа, недозволиво е да се водат контрадикторни политики: да им се прогледува низ прсти на големите загадувачи затоа што тие „ја држат“ економијата; да се дозволува уништување на зелени површини во корист на урбаната мафија; да не се работи на градска стратегија за искористување на обновливи извори на енергија зашто гасот не е решение туку е дел од проблемот; да се уништуваат белите дробови на Скопје за гасовод кој нема ни да го напојува главниот град.

    „На овој град и на оваа земја им се потребни прецизни нефингирани мерења за лоцирање на сите загадувачи и нивна систематизација, приземна и веднаш спроведлива стратегија за постапување по добиените резултати со крајна цел доведување на загадувањето до гол минимум во склад со европските критериуми“, вели Велковска.

    Децата се најзагрозена, но не и единствена категорија граѓани чие здравје се нарушува поради загаденоста

    Д-р Мими Кимовска Христов, педијатар и еко-активист, вели дека најзагрозената категорија лица од аерозагадувањето се децата, а се уште во секое основно училиште не се поставени прочистувачи на воздух, иако податокот е дека внатрешно-амбиенталниот воздух достигнува и до концентрација од 600 ПМ10 честички на метар кубен.

    „Владата и Градот Скопје треба да излезат и со конкретни препораки за загрозените категории лица, како на пример оние со хронични заболувања, заболувања на циркулаторниот систем, лицата со ХОББ, а секако и бремените жени кои поради загаденоста на воздухот подлежат на ризик од абортуси и предвремени породувања. Дали институциите имаат план за можните последици по се уште незачнатите плодови, бидејќи докажано е дека загадениот вопздух има и огромно влијание при настанувањето на мутации кај луѓето што ќе се одрази на следните генерации“, прашува Саздовска Христов.

    Таа вели дека е свесна дека сето она што се прави не го решава проблемот, туку само ги лечи последиците, но сепак упатува дека во вакви ситуации, децата и возрасните треба да носат маски со карбон-филтер при престој на отворено, да се избегнуваат спортски активности надвор додека е загадено, а сите што се во можност да се снабдат со прочистувачи на воздух во своите домови.

    За првпат завчера Скопје се најде на прво место како најзагаден град во светот. Екстремно високо беше загадувањето и вчера, кога речиси и да немаше дел од земјава со вредност на ПМ10 честички во рамките на нормалата, односно максимални 50 микрограми на метар кубен.

    Вечерва аерозагадувањето е намалено за нијанса, но се уште е над предвидените нормални вредности.

    Latest Posts

    Млада жена со диагностицирана мозочна смрт се разбуди по 7 месеци во кома

    31-годишна Американка со диагностицирана мозочна смрт излезе од кома по седум месеци. Кертис Брабсон долго време страдаше од епилептични напади. По последниот, девојката почнува да...

    Една млада мајка се соочила со најтешкиот избор во животот и избрала да го остави своето дете да умре – дали постапив правилно, се...

    Британска мајка ја донесе најтешката одлука во својот живот и направи нешто што е незамисливо за речиси секоја мајка - помогнала да умре своето...

    Секоја жена над 40 ќе биде благодарна: 2 лажици кафе на кремот и заборавате на брчките

    Намалете ги брчките дома со маска од 2 состојки. Заборавете на скапите креми. Клучот за убава кожа која изгледа млада и цврста и по 40-тата...

    Семејно куче го жртвувало својот живот за да спаси бебе од запален дом

    Многу често слушаме за приказни во кои кучињата ги жртвуваат своите животи во име на животите на своите најблиски. Поло е само еден од...

    АКТУЕЛНО

    Трагедија дома: Два питбула уби ле 2-годишно девојче и нејзиниот 5-месечен брат пред очите на нивната мајка

    Трагедија се случила во предградијата на американскиот град Мемфис, пишува NBC. Две кучиња ги нападнале и ги убиле децата на семејството кое ги одгледувало. Повредена...

    Во следните 20 години, ОВИЕ 9 земји ќе исчезнат од лицето на Земјата – погледнете ја црната листа!

    Дали некогаш сте се запрашале како би изгледал светот доколку некои земји престанат да постојат? Дали некои земји треба да ги проголтаат другите? Многу...

    Искрена исповед на мајка од Скопје: Мамо ти ми викаш да се женам, а ние немаме ниту нов

    Ова е приказна на жена кој искрено ја раскажува својата приказна поради економската состојав во која таа а и многу други граѓани живеат многу...

    Направете го ова и сметките за вода ќе ви се намали

    Заборавете на убава топла када кога можете само да се бањате. Ова значително ја намалува сметката за вода. Сепак, можете да го направите ова...

    СТАРО ВЕРУВАЊЕ, ОДБИВАЊЕТО НА КУМСТВО СЕ СМЕТА СО ГОЛЕМ ГРЕВ: Ако го направите тоа, ве чекаат вакви последици!

    Да се ​​избере некого за кум е голема одлука, а од друга страна е многу голема одговорност кога некој ќе не избере нас за...

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.