6 C
Skopje
четврток, декември 12, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Со години никаде не одела без автомобил, а потоа го продала и се случило нешто неверојатно

    Алисон Ларкин не ни била свесна колку се здебелила додека не отишла во шопинг. Тогаш одлучила да ослабне, а првото нешто што го направила – го продала автомобилот.

    Оваа 30-годишна жена забележала колку се здебелила дури кога сфатила дека не може да се движи нормално. Пред да има дете живеела од јадења од микробранова печка и храна од брзите ресторани, а покрај тоа, секој ден пиела пет лименки кола пијалаци и чаша вино. Кога сфатила дека веќе не може да си ги облече пантолоните, одлучила дека мора да ослабне.

    Таа го продала својот автомобил и почнала да вежба и здраво да се храни. Изгубила 19 килограми и го намалила конфекцискиот број на гардеробата за три броја, со помош на онлајн програма за слабеење која ги поттикнува луѓето здраво да се хранат и да вежбаат.

    За својата тежина таа го обвинува недостатокот на движење.

    – Кога наполнив 29 години го положив возачкиот испит и набрзо откако си купив автомобил, престанав да се движам. Секаде одев со автомобил. Работев по 30 часа неделно во козметички салон, а паралелно со тоа и студирав. Исто така, затоа што бев презафатена, често нарачував храна или јадев нешто подгреано во микробранова печка – вели Алисон.
    Пред да стане свесна за тоа, вагата наместо дотогашните 50, покажувала 69 килограми.

    – На работа главно одев во туники и хеланки затоа што така ми беше најудобно да работам, па не ни забележав колку сум се здебелила. За тоа станав свесна кога отидов во шопинг и сфатив дека не можам да облечам ниедни пантолони! – вели Алисон.
    Потоа, Алисон одлучила да го промени својот начин на живот.

    – Кога престанав да пијам диетална кола, првите неколку денови се тресев и имав страшни главоболки. Но после само две недели можев да почувствувам разлика. Имав многу повеќе енергија и многу полесно станував од кревет наутро – раскажува таа.

    Но, она што Алисон смета дека придонело најмногу е тоа што го продала автомобилот и секаде почнала да оди пешки.

    – Тоа што го продадов автомобилот е најдобрата работа која ја направив и ми помогна повеќе од што било друго – рекла Алисон.

    Последни објави

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.