Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“, информираат од АМСМ.
Низ целата република дува силен северен ветер. Поради ниските температури, наместа е можна појава на голомразица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.