Патниот правец Росоман – Прилеп е во прекин поради извртено возило на Македонија Пат, информира АМСМ.
Од 20:00 часот e воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот премин Барбарос.
Забрана за камиони е воведена и на планинскиот преми Ѓавато, на патот Дебар-Струга и на патниот правец Велес-Катланово.