Поради лавина од снег, сообраќајот на патот Маврово-Дебар се одвива по една лента, соопшти АМСМ.
„Околу 13:20 часот на патот Маврово- Дебар, кај местото викано Врбјанска раскрсница, има лавина од снег.
Затворена е една коловозна лента, а по другата сообраќајот се одвива наизменично“, пишува во соопштението.