6 C
Skopje
среда, март 19, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

„Соколите“ и МЗТ ќе играат мајсторка за титулата

Петтиот натпревар ќе го даде одговорот кој ќе ја освои шампионската титула во кошаркарскиот шампионат на Македонија, Карпош Соколи или МЗТ, откако „соколите“ славеа во четвртиот меч 86:78 и израмнија на 2-2.

Актуелниот освојувач на Купот, кој беше домаќин на четвртиот меч, одигра одлично прво полувреме, во кое создаде предност од 21 поен, а по две четвртини имаше водство 56:39, но лошата игра на стартот од третата четвртина можеше да го однесе во пораз.

МЗт успеа да се врати од големата негатива, најпрвин со серија 3:16, а потоа во финишот два пати и да се доближи на само два поени негатива.

Сепак во пенал завршницата непогрешливи беа Пери, Лабовиќ и Трајковски и Карпош успеа да избори победа.

Карпош Соколи, како и на претходниот меч, ги предводеше Пери со 24 поени, додека Мавра и Лабовиќ постигнаа по 11 кошеви. Кај МЗТ со 17 кошеви најпрецизни беа Синовец и Лалиќ.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.