Има одредени работи кои може да ги направите за да ви помогнат при пад на авион. Секако и секогаш добро слушајте ги упатствата на стујардесите, а еве неколку совети:
Положба:
-Многу е важна положбата која ја завземате. Најдобро е да се држат стапалата цврсто на подот, со спуштена глава(лицето да дојде над колениците) и рацете над глава, за да ја заштитите.
Местото на седење во авион:
– најдобро е да го изберете петтиот ред, односно помеѓу крилата, и избегнувајте ги прозорците.
Облека:
– препорачливо е да носите рамни чевли, и да имате до себе ќебе или евентуално огртач со кој во случај на несреќа би можеле да се затоплите.
Појас
– секогаш треба да биде закопчан, дури и кога тоа не е нагласено.
Потрудете се да не паничите
– колку и да е страшна ситуацијата, не смеете да паничите. Размислете за можните решенија, бидете позитивни, зошто негативните мисли само ќе ве обесхрабрат.
И секако кога се возите во авион никогаш не мислете дека ќе се случи несреќа, туку опуштете се и уживајте!