6 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Совети за медитација за полесна медитација

Медитацијата е една од најздравите навики, покажуваат многубројните истражувања. Освен што го намалува стресот, таа го подобрува имунитет и може да направи промени дури и во физичката структура на мозокот!

Но, на почетокот медитацијата може да изгледа тешко па затоа во продолжение прочитајте неколку совети.

На почетокот е најдобро да медитирате наутро, а препорачливо е да почнете со пократко време, на почетокот може да медитирате само 2-3 минути.

Додека седите сами ќе почувствувате различни емоции, како анксиозност и стрес. Ние се обидуваме да избегаме од овие чувства, но сега е време да ги прифатите. Важно е да не се оптоварувате со тоа дали правилно медитирате. Потребно е само да се фокусирате на некој предмет и на дишењето.

Запомнете, медитацијата нема секогаш да биде мирна или забавна. Но, ако се држите до рутината, по неколку недели или месеци ќе почнете да уживате во оваа техника и ќе почнете да ги чувствувате нејзините придобивки.

Последни објави

АКТУЕЛНО

Stay in touch

To be updated with all the latest news, offers and special announcements.