Возот што сообраќа на релацијата Ниш – Прокупле речиси дваесет минути стоеше вчера во близина на рампата и железничката станица во населбата Гариќ поради Снешко Белчо, кој бил направен на шините!
Полицијата, исто така, беше информирана и излезе на терен, но сторителите не беа пронајдени.
До оваа ситуација дојде на улицата Браќа Стојановиќ кога возот требаше да влезе во станицата во Прокупле.
Машиновозачот оддалеку забележал дека има нешто на шините, па го запрел возот.
Снешко го направија деца, веројатно и не размислувајќи за она што ќе следува.