6 C
Skopje
среда, декември 6, 2023
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Скопјани принудувале малолетничка на проституција

    Обвинителството отвори истражна постапка за трговија со дете, каде осомничените принудувале 16-годишно девојче да врши полови дејствија со непознати лица, а за тоа добивале пари. Осомничените се на возраст од 20 и 23 години.

    „Исплатените пари за услугите што ги пружала оштетената ги земале осомничените, а за возврат и обезбедувале престојувалиште и ѝ набавувале опојни дроги“, велат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

    Постапувајќи по кривичните пријави поднесени од страна на Министерството за внатрешни работи, јавниот обвинител издаде наредби за судско-медицинско и невропсихијатриско вештачење на оштетената малолетничка.

    „Ценејќи дека се исполнети законските услови, обвинителот до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје доставил предлог за определување мерка притвор. Ваквиот предлог дудот го прифати, па со решение на двајца осомничени им определи притвор во траење од 30 дена“, додаваат од Обвинителството.

    Случајот го потврди и Министерството за внатрешни работи.

    „По добиената информација, Министерството за труд и социјална политика во координација со МВР ги презеде сите неопходни мерки за заштита и психо-социјална поддршка на малолетната жртва на трговија со луѓе. На девојката и се направени сите потребни лекарски прегледи и во моментот е сместенa во соодветна институција“, велат од МВР.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.