Во Ургентниот центар во Скопје бил донесен 87-годишен скопјанец кој берејќи јаболка паднал од дрво по што починал.

Од полицијата известуваат дека дека во Ургентниот центар – Скопје, на КАРИЛ, вчера околу 15 часот бил донесен К.М. (87) од Скопје, кој се здобил со повреди од пад од дрво (берејќи јаболка), по што починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.