Тоа што велат дека сум албанофоб не е точно, тоа повеќе говори за оној кој што го кажал, од колку за мене бидејќи јас сум можела и да се омажам за Албанец, со оглед на детството поминато со Албанци и пријателството.
Ве упатувам на нивниот кандидат кој во 1997 бил шеф на аналитика, а без негов потпис не можеле да се преземат некои акции, како оние во Тетово и Гостивар. Во мојот речник немало, ниту ќе има негативен збор за Албанците. Не сум велела ниту чираци, ниту криминалци. Јас од научен аспект низ призмата на правото сум ги критикувала партиите, владите и властите, рече Давкова.
Ниту сум била против Албанците, ниту ќе бидам, додаде таа.
Погледнете го ова интервју на Сиљановска Давкова.





