Додека уживаме во омиленото летно овошје, кое освежува, никој од нас не размислува за кората. Скоро сите ние уште на самиот почеток ја запоставуваме.
Но, тоа е така затоа што сите го обожаваме црвениот сочен дел, а за нејзината корист има многу малку информации.
Кората од лубеницата има витамини од групата Б и Ц, но овие материи наместо во нашиот организам, често пати завршуваат во кантата за ѓубре.
Научните истражувања покажуваат дека покрај овие витамини, во кората од лубеницата содржи високо ниво на цитрулин. Тој е важна и здрава аминокиселина која се претвора во аргинин, кој е многу значаен за здравјето на срцето и циркулација.
Кората од лубеницата е извор на влакна, па затоа е одлична за оние кои сакаат да слабеат.
Кората од лубеницата можете да ја искористите така што, најважно е прво добро да ја измиете, а потоа може да ја исечкате и измелите во блендер и да ја претворите во состојка во разни здрави напитоци, а може да се додаде во салата, супа или варива.