Албин е преубаво планинско село кое се наоѓа во долината на Рон во Швајцарија, а со одлука на собранието, на 30 ноември изгласана е доселениците во швајцарското село да добијат по 25.000 франци по личност и 10.000 за дете , ако се доселите таму.
Звучи многу привлечно и шармантно, па затоа голем број на луше им пишаа на официјалната Фејсбук страна, сепак има неколку услови кои морате да ги исполните.
Градоначалникот мораше повторно да се огласи и да појасни. „Веста е погрешно разбрана од светот“ – напишал тој.
Заинтересираните граѓани мора да се сложат да живеат во селото 10 години а при тоа да не се постари од 45 години. Исто така мора да купат куќа која чини најмалку 200.000 франци, а не смеат да имаат дом на друго место, и мора да поседуваат возачка дозвола од Ц категорија.
За четиричлено семејство бонусот е 70.000 франци, што е само 20 проценти од покривање на стамбениот депозит кој швајцарската банка го бара.
Сепак за оние кои ги исполнуваат сите услови, сигурно е дека ќе уживаат во планинскиот поглед.