6 C
Skopje
четврток, јули 18, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Сингапур веќе нема најмоќен пасош во светот

    Јапонија и Сингапур веќе немаат најмоќен пасош во светот. Според интернет-страницата The Passport Index, на врвот на листата се најде пасошот на Обединетите Арапски Емирати. Со овој пасош можете да влезете без никакви проблеми во дури 167 земји, или имате пристап до 84 проценти од светот.

    Passport Index, во сопственост на „Артон капитал“, рангира пасоши од 193 земји и шест региони, кои се членови на ОН. На врвот на листата се пасошите на земјите со кои можете да влезете во други земји, без виза и посебни барања.

    Обединетите Арапски Емирати се искачија на врвот на листата во рекордно време. Тие првпат беа забележани на листата во декември 2016 година (27. место) и за две години стигнаа до број еден. Пред тоа Сингапур имаше најмоќен пасош.

    Во првите 10 земји се Сингапур, Германија, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија, како и Холандија, со чии пасоши можете да влезете во 165, односно 166 земји во светот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.