Кандидатката за Претседател на Република Северна Македонија од ВМРО ДПМНЕ, откако побара поддржувачите да ја оверат кандидатурата и со потписи во подрачните единици на ДИК, побара и докази од потпишувачите:
„Утрово ве повикувам сите да се упатите до подрачните единици на Државната изборна комисија и да се потпишете на мојата кандидатура. Со цел да го почнеме процесот на обединување за право и правда за Македонија! Штом се потпишете ве замолувам да направите самослик (selfie) и да го постирате со хаштаг“- напиша Гордана Силјановска Давкова на својот ФБ профил.
Заедно со вас од утре започнуваме важна етапа во битката да ја вратиме Македонија во нормала.Ви благодарам за подршката
Posted by Gordana Siljanovska Davkova on Friday, 22 February 2019
„Време е – без разлика на партиската, етничката, половата, социјална и старосната структура – да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала“-вели Силјановска.