Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ што ќе биде поддржан на партиската конвенција во Струга закажана за 16 февруари, пишува Независен весник.
Пристигнати се осум кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат најдоцна до вторник, бидејќи дел од апликациите би можеле да стигнат и по пошта. Кандидатурите ќе бидат разгледани од партиска комисија, која треба да утврди кој од апликантите ги исполнува предвидените услови.
Кандидатите потоа добиваат шанса да ја претстават својата програма и визија пред општинските комитети. Победникот ќе го изберат околу 530 делегати на струшката конвенција.
Во ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да ги соопштат имињата на апликантите, но, според нашите информации, меѓу пријавените се пратеникот Влатко Ѓорчев, како и професорката Гордана Силјановска, кои важат за најсериозни кандидати во интерната трка.
Горан Адамовски
Повеќе за ова на овој ЛИНК