Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова издвојувала победа во општина Дебарца – тврдат извори на Република. Таму до 18:30 часот своето право на глас го оствариле 2224 гласачи, или 50,36 отсто. Од нив повеќето гласа се за Силјановска Давкова.
Ѓорче Петров, Гази Баба, Аеродром се само дел од општините во кои води кандидатката за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, дознава Република од свои извори. Според она што Република го има како податок од досега пребројаните гласови во Гази Баба, за Силјановска Давкова гласале двојно повеќе граѓани отколку за Стево Пендаровски и СДСМ. Разликата помеѓу Силјановска и кандидатот на СДСМ, е голема и во Куманово како и во Битола. На некои места таа разлика е дури 2.5 према 1.
Според она што досега е обработено разликата помеѓу Силјановска и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски е повеќе од двојна, пишува Република. Од обработените изборни места во Куманово, убедливо е водството на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Иста е ситуацијата и во скопската општина Ѓорче Петров и Аеродром. Предност Силјановска Давкова има и во Битола.





