Претседателскиот кандидат, Гордана Силјановска, денеска ја разреши дилемата околу нејзиното презиме, кое во плакатите од изборната кампања се појавува како Сиљановска, пишува Фокус.мк
Таа изјави дека тоа е така затоа што матичарите го згрешиле презимето.
-Во македонскиот литературен јазик е правилно Силјан штркот, или Силјановска,но понекогаш кога матичар го внесувале презимето на родителите, знаеле наместо лј да стават љ и вие сте должни тоа што е во личната карта да го кажувате. Да, во личната карта на моите родите е внесено љ наместо лј. Иако сите знаеме дека лј звучи чудно, но можеби е време тоа да се корегира – рече Силјановска.